Маглиќ

Маглич е динарска планина на самата границата на Босна и Херцеговина и Црна Гора, на околу 20 километри југозападно од Фоча.

Маглич е планина со највисок врв во БиХ. Највисокиот врв на Маглич во Босна и Херцеговина се наоѓа на 2386m надморска височина. Планината се граничи со реката Сутјеска на запад, планината Волујак на југозапад, реките Дрина и Пива на североисток и југоисток со планината Биоч.

Маглич е изграден на пермски карпи, мезозојски варовници, дијабаз и малафира, и се видливи и глацијални траги. Покриен е со буки и зимзелени шуми. Горната граница на шумите е на околу 1600m и над ова ниво е плато со пасишта и бројни гребени и врвови.

Најпознатите платои околу Маглич a се Вучево (со врвот на Црн врв), Рујевац, Сњежница, Пријевор и Мратињска гора. Во близина на Маглич е Перучица, најголемата шума во Европа, како и долини со езерото Трновачко на 1517m.

Во подножјето на планината сите терени се богати со вода, со голем број на извори, од кои најзастапен е Царев До што никогаш не пресушува.

Да знаете за Маглич и да го гледате на фотографиите е убаво, а со наша помош да го заземете е бесценето!

Ви требаат повеќе информации? Контакт со нас