Кањонот Невидио

Кањонот Невидио е кањон кој се наоѓа во централниот дел на Црна Гора. Одалечен е 55 километри од Никшиќ. Кањонот Невидио е дел од реката Мала Комарица што извира во подножјето на јужниот дел на Дурмитор, поточно во селото Добри Дoл.

Како подземна река поминува помеѓу Бољски греди (2091m) и Лојаник (2091m) а повторно се појавува во питомата долина како постојана река. На самиот крај на долината почнува кањонот Невидио или „Невиѓебог“ (Невиделгосподбог) како што е наречен од жителите на овој регион. Со право го носи името бидејќи Комарница одеднаш се изгубила во некој чуден резбарен влез и станува невидлива за човековото око. Природната средина околу влезот е една од најубавите во областа на Дурмитор.

Убавината на овој регион го прави селото Пошчење со двете глацијални езера, периодичен водопад Скакавица – се обрушува од седумдесетина метри висока карпа и ја распрскува водата на реката Грабовица, која се влева во Комарница. Првиот контакт со Невидио засенува со неискажлива чудесност, необично и чудно за човек кој не е навикнат. Голем дел од клисурата се наоѓа во постојана сенка. Поради вертикалните карпи зраци на сонцето не можат да стигнат до дното. На стрмни и непристапни карпи преовладуваат тешките услови за вегетација, така што за кањонот може да се каже дека е дијамант на сурова природа. Ширина на кањонот на некои места е помалку од еден метар.

Некои делови на кањонот можат да се поминат само со помош на опрема за качување. Денес кањонот Невидио наоѓа своето место во брошурите како уникатна туристичка атракција. Уникатната убавина на теснецот, каскади и пенливи каскади се доволна причина да ја посетите оваа неверојатна природна скапоценост на Црна Гора.

Сепак, иако не бара посебна физичка подготовка, минување низ кањонот не се препорачува без водич.

Еднаш внатре - нема враќање ... .. ајде да одиме заедно!

Ви требаат повеќе информации? Контакт со нас