Дурмитор

Дурмитор е планина и национален парк во Црна Гора. Прогласен е за национален парк во 1952 година и паркот вклучува планината Дурмитор со кањоните на Тара, Драга и Сушица и горниот дел од кањонот Комарница. Зафаќа површина од 39 000ha.

Името Дурмитор доаѓа од Келтските зборови „ Дру ми торе“што преведено во нашиот јазик значи "планина полна со вода".

Највисокиот врв на Дурмитор е Боботов кук (2523m). Рељефот на Дурмитор го чини пространа висорамнина на 1500 метри надморска височина, испресечена со длабоки клисурски долини а над висорамнината се креваат планински врвови од кои 48 се над 2000m.

На исклучителната убавина на планинскиот венец неискажливо придонесуваат и 18 глацијални езера, популарно наречени планински очи, од кои најпознато и можеби најубавио е Црно Езеро. Со богатството на флора и фауна, што претставува повеќе од 1300 различни видови на растенија, со голем број на ендемски видови на Дурмитор представува огромна природна вредност и трајна инспирација за научниците и љубителите на природата.

Што мислите за да ве однесеме на ова планинска авантура? Вашите желби мора да одлучат!

Ви требаат повеќе информации? Контакт со нас