ДЕСТИНАЦИИ

Дали планирате одмор на јадранското крајбрежје? Хрватска, Црна Гора, Босна .... сеедно е! Можеби сакате да избегате во планините, за промена? Или и и едното и другото да го замени посета на интересни градови ....

Ви здосади ли Сараево и Башчаршија, Стариот мост во Мостар, тврдините во Дубровник , со Андриќград од Емир Кустурица да бидете на „вие“? …..сакате да ги видите, допрете, запознаете ... да бидете со нив на „ти“?

На патот кој води до овие градови, од јадранското море до планините стои нашиот логор, и не само што стои на патот туку ви стои и на располагање!

Што мислите за тоа да ви одземеме малку време и да ве префрлиме на некоја од нашите дестинации? Да ве тргнеме од вообичаените патеки низ животот и да ви предложиме да дојдете до нашата воденица? Да ве вратиме во заборавеното време кога сè беше чисто, недопрено, природно?

Да ве потсетам само на смарагднозелената река Тара, единствената питка река во Европа. На планинскиот врв Маглич, највисок во Босна… Перуќица, европската џунгла, во која се’ уште само пешки можете да влезете, додека на моторните возила им е сторо забранет пристапот! Да дојдете до невидена убавина на кањонот Невидио ... да прошетаме до магичното Трновачкото езеро .. Или еден од двата национални паркови во близина; НП "Сутјеска" Сутјеска или Националниот парк Дурмитор?

Дозволете да ви грабнеме малку време за сето ова, и бидете сигурни дека заборавот нема молжност да го грабне секавањето на ова извонредна природна убавина!

СЕ ГЛЕДАМЕ!!!

rijeka tara

Реката Тара

zelengora

Зеленгора

Маглич

Маглич

Кањонот Невидио

Кањонот Невидио

Трновачко езеро

Трновачко езеро

Прашумата Перучица

Прашумата Перучица

Дурмитор

Дурмитор

pjescane piramide

Песочни пирамиди